Приведен криминалец баран со потерница за 6-годишна затворска казна

zatvorska-policija2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 15.00 часот на улица „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје, извести МВР.


– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK