Вчера во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во домот на Ќ.В.(71) од Велес, при што одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.
Е.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.