Приведен крадец во Скопје

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје вчера го лишиле од слобода 36-годишниот скопјанец Б.А..







Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три „тешки кражби“, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво.

– Во службен разговор во Полициската станица – Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво, се појаснува во соопштението.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK