Вчера во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода 18-годишниот Т.Ј. од Штип, извести МВР.
– Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кражбата и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.
Т.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.