Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 35-годишниот Г.Н. од Куманово. Тој се сомничи дека од две возила во Куманово одзел предмети, извести МВР.
Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.