Приведен крадец од гостиварско за издржување затворска казна од 16 месеци

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK