Денеска полициски службеници од ЕВР Гази Баба и Единицата за интервентна полиција го приведоа 28-годишниот Е.Б. од село Арачиново, скопско, поради основано сомнение дека извршил три тешки кражби од товарни моторни возила на кванташкиот пазар во Скопје во текот на јуни и јули, извести МВР.
– Во службен разговор Е.Б. ги признал делата и ги појаснил начините на извршување на кривичните дела, соопшти МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.