Приведен крадец на велосипед во Скопје


PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување на разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед.


-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK