Приведен кичевец кој се обидел да подигне брз кредит со туѓа лична карта

Приведен-кичевец-кој-се-обидел-да-подигне-брз-кредит-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера на булеварот Ослободување во Кичево, полициски службеници го приведоа А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел.


Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист.

При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK