Приведен кичевчанец, пронајдени огревни дрва без документација

Приведен-кичевчанец-пронајдени-огревни-дрва-без-документација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска околу 02.00 часот на патот од село Бигор Доленци, кичевско, кон населба Бичинци во Кичево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода 25-годишниот С.А. од Кичево, извести МВР.

– При преглед во возилото „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација, соопшти МВР.

Возилото било одземено за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK