Денеска околу 18:00 часот на улица „Руди Чаевац“ во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, лишен од слобода е 36-годишниот П.Д.Р. од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога, извести МВР.
Лицето е лишено од слобода и предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка.