Приведен државјанин на Албанија, дал туѓа патна исправа при гранична проверка

Приведен-државјанин-на-Албанија-дал-туѓа-патна-исправа-при-гранична.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 09.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле 29-годишниот Б.Ф. од Република Албанија, затоа што при извршена гранична проверка било утврдено дека на увид дал албанска патна исправа на друго име, односно дека се послужил со туѓа патна исправа, извести МВР.



– При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и албанска возачка дозвола и дозвола за престој издадена во Шпанија на друго име, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка и врз основа на пресуда од Основен кривичен суд Скопје, од Одделението за прекуграничен криминал и миграција му била изречена казна протерување странец од Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK