Приведен дрвокрадец во скопско, следува пријава

thumbnail_drva-ogrev-780x470.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во 09.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Џ.Ш.(39) од с.Елово, општина Студеничани.



Тој бил затекнат од полициски службеници како со патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација. Џ.Ш. се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK