На полициски службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, го лишиле од слобода 32-годишниот Д.П. од Прилеп, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Д.П. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.