Вчера во 15.10 часот во село Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот И.К. од Волково, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.