Вчера во Скопје од страна на полициски службеници од Тим Потраги, ОКР Центар Бит Пазар и ПС ОН Драчево од слобода е лишен 42-годишниот М.Д. од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, извести МВР.
„Тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело по чл. 123 ст 1 од КЗ на РСМ, а бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци“, додаваат од МВР.