Приведен 42-годишник од Велес, ограбил црква

1693489789_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од Велес, извести МВР.


„Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото“, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK