Вчера во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле 31-годишниот М.Б. од село Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната, соопшти МВР.