Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил вчера, кога граѓани пријавиле дека на подрачјето на општина Центар малолетникот се однесувал агресивно и недолично.
По пријавата, на местото на настанот пристигнале полициски службеници од СВР Скопје. Откако забележале дека 17-годишникот има повреди и се обиделе да му укажат помош, тој физички нападнал еден од полицајците, велат од МВР.
Малолетникот веднаш бил приведен во Полициската станица Центар, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.