При претрес на подрачјето на Ѓорче Петров пронајдена дрога, приведени се 4 лица

При-претрес-на-подрачјето-на-Ѓорче-Петров-пронајдена-дрога-приведени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје.


При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK