Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 14 часот и 20 минути го привеле 52-годишниот С.Д. од тетовски Чифлик.
Tој со патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи.
Возилото и дрвата со потврда му се одземени и задржани во Полициското одделение Групчин за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.