Вчера попладне во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода 39-годишниот Б.М. од Велес, извести МВР.
2При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, биле пронајдени и одземени масло од канабис и амфетамин“, соопшти МВР.
Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.