Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 19:20 часот на улица „114“ во Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.Ј.(34).
Како што информираат денеска од МВР, при претрес во простории кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 30 пакувања со марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.