Претрес во Тетово, приведено едно лице

aps_456456454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со Девизниот инспекторат на Министерството за финансии, денеска (14 јули) околу 12 часот, на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 65-годишниот А.Ш. од тетовско Слатино.







Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, тој се сомничи за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ и за „неовластено продавање или купување на готовински странски пари и платежни средства и чекови“, согласно членовите 54 и 55 од Законот  за девизно работење.

-Во неговото возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки и во неговиот дом, со судска наредба, извршен е претрес, при што во возилото и кај него пронајдени се: 5.815.150 денари, 28.575 евра, 1320 франци, 1000 долари и 5 златни лири, соопштија од МВР.

Од МВР посочуваат дека парите, златните лири и  возилото со потврда се одземени, а А.Ш. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK