Претрес во Кочанско, пронајдена дрога

Претрес-во-Велес-пронајдена-дрога-приведен-дилер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода 43-годишниот Н.С. од село Горни Подлог, кочанско, извести МВР.


„При претрес во неговиот дом во с.Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK