Претрес во кичевско, пронајдени рамки за автоматска пушка и муниција, приведено едно лице

oruzje-zaplena-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18.20 часот во село Лисичани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 29-годишниот И.Б. од истото село, извести МВР.


= При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка. За настанот бил известен јавен обвинител, а И.Б. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK