– Со судска наредба полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, вчера извршиле претрес во домот С.С.(38) од Кавадарци.
При претресот, како што денеска информираа од МВР, биле пронајдени и одземени повеќе садници од растението канабис.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.