Вчера во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски таблички, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид.
Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.