Прегазен пешак во Кавадарци, возачот избегал

Прегазен-пешак-во-Кавадарци-возачот-избегал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осумдесет и четиригодишен пешак бил прегазен од автомобил во Кавадарци во текот на вчерашниот ден, по што возачот побегнал.



„На 10.11.2023 во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека на 03.11.2023 околу 19.00 часот на крак на ул. Мито Хаџи Василев во Кавадарци возило удрило во пешакот К.Г.(84) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, објави МВР.

По несреќата пешакот е пренесен во Општа болница Кавадарци, каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK