Вчера во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.З. од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола, извести МВР.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.