­

Пожар во Дебреше во дом на притвореник за убиство, најден пиштол


pishtol-kuka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пиштол бил најден за време на гаснење на пожар во куќа. Горел вториот кат, а во моментот во домот немало никој.


Се работи за куќа во селото Дебреше, која е во сопственост на Б.В.  кој моментално издржува мерка притвор во затворот во „Шуто Оризари“ за убиство, соопшти МВР.

Пожарот избувнал утринава два часа по полноќ, а на терен излегле полицијата и пожарникарите. Бил локализиран еден час подоцна.

Во текот на денот ќе се врши увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK