Доцна синоча во 03.35 часот, во полицијата било пријавено дека на улицата Фан Ноли во Скопје избил пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) .
Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, објави МВР.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.