Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Дете-нападнато-од-група-соученици-на-излегување-од-училиште-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, нејзиниот син бил нападнат во училишен двор во скопската населба Карпош.


Според пријавеното, зад нападот стоел друг малолетник со кој претходно се расправале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

До полицијата вчера стигнала уште едн пријава за насилство во Скопје.

Татко пријавил дека викендов неговиот малолетен син бил нападнат во Центар од едно лице.

Полицискиот билтен речиси секој ден е полн со тепачки помеѓу врсници, што неретко се случуваат во училишните дворови.

По тој повод, пред два дена министерот за образование Јетон Шаќири рече дека врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава.
Министерот препорача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, а општините да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата. Ги повика и родителите на добра соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK