Полициски службеници од СВР Битола со брза реакција на патот за Пелистер пронајдоа повозрасно исчезнато лице

POLICIJAA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа по добиена пријава во 21:11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13:00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.







– Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23:45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за село Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот, информираа денеска од МВР. ц

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK