Повозрасен жител на општина Аеродром со иницијали Н.С. на 86 годишна возраст тргнал во посета на пријател во Велес, но не се појавил на договорената локација.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, пријавата во полиција ја поднел пријателот од Велес со иницијали М.Д. на 75 годишна возраст. Тој укажал дека неговиот пријател не стигнал кај него, но притоа ниту бил најден во неговиот дом.
– На 12.04.2024 во 17 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него.
Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопштува МВР.