Поднесена кривична пријава против битолчанец за две дела „тешка кражба“, крадецот приведен

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, осомничен дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.

– Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка, соопштија денеска од МВР.


Појаснувааат дека Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK