Денеска во 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ било пронајдено починато машко лице без документи за идентификација.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.