Вчера во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е 58-годишниот П.Е.Х. од Холандија, извести СВР Охрид.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие, велат од СВР Охрид.