Почина маж од Свети Николе: со кабли сакал да го стартува возилото, паднал и бил прегазен

1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 10.30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото.


Од здобиените повреди З.М. починал на лице место.

Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK