67-годишен маж починал откако му се слошило и со возилото што го управувал излетал од патот.
Имено синоќа во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот.
И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.