Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

полиција-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопшти обивнителството.


Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство.

Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но и се предизвикани тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK