Вчера вечер во 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница на подрачјето на Радишани, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишниот Д.Д., 32-годишниот А.Д. и 29-годишниот Р.Д., од една страна и 31-годишниот В.С. и 31-годишниот Б.С., од друга страна, сите од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.