Оружје и муниција пронајдени во канта за отпад пред двор на скопјанец

1692786423_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа околу 22.30 часот на „Црногорска“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронајдоа поголема количина оружје и муниција.


Имено, во канта за отпад пред дворно место на улицата биле пронајдени автоматска пушка „Калашников“ кинеско производство со една рамка со куршуми, автоматска пушка „Плетер 91“ калибар 9 мм од хрватско производство и една торба со 100 куршуми калибар 7,62 мм и 27 други куршуми од различен калибар.

Оружјето и муницијата биле подигнати за понатамошна постапка, а со судска наредба бил извршен претрес во домот на Б.Л.(27) од Скопје, кој не бил во домот.

При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK