Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф полн пари и избегале со возило без таблички

cair-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.


По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK