Објавувал расистички коментари на фејсбук, па излажал дека му бил хакиран профилот, кривична против прилепчанец

3395.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишниот Х.Т. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“, извести МВР.


„На 30.11.2023 на социјална мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост. Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на социјалната мрежа, но било утврдено дека дал лажен исказ“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK