Новата година за пожарникарите во Гевгелија почна со спасувачка акција – горела куќа во која живеела неподвижна жена

Најмалку-40-лица-заробени-во-пожар-во-зграда-во-Албанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Куќа на два ката во селото Миравци ја зафати пожар синоќа по полноќ.

Во куќата живеела неподвижна стара жена, а пожарникарите од Гевгелија интервенирале од 00:14 до 2:10 часот по полноќ.

Центарот за управување со кризи јавува дека на терен излегле 2 противпожарни возила и 7 пожарникари.

Запалената стара куќа на два ката се наоѓа на улицата Маршал Тито во селото Миравци.  Првиот кат од куќата бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижната стара жена.

Жената била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK