Нов заплет во случајот со свекорот и снаата од Драчево, и таа го пријавила дека ја натепал

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Случајот со снаата и свекорот од Драчево добива нов заплет.


Откако вчера во полицијата било пријавено дека 32-годишната снаа го нападнала својот 67-годишен свекор, а во нападот учествувале и нејзините деца кои го мавале со тврди предмети, подоцна стигнала нова пријава.

Сега жената тврди дека таа e онаа којашто била нападната од него.

„Во текот на вчерашнинот ден, 32-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачје на Драчево била физички нападната од нејзиниот свекор З.М.(67) од Скопје“, велат од МВР.

На настанот претходеле семејни недоразбирања.

Претходно вчера „Макфакс“ објави  дека 67-годишниот маж пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, физички бил нападнат од снаата М.М. и неговите малолетни внуци, кои употребиле и тврди предмети.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK