Неколку тепачки меѓу малолетници во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, малолетник од Тетово во присуство на негов родител во 12 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 20 минути во дворот на тетовско основно училиште физички го нападнале двајца други малолетници. Тие за кусо време се идентификувани и во присуство на нивните родители извршен е разговор со нив, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, извести СВР Тетово.



Малолетничка од Тетово, вчера во 17 часот во присуство на родител во СВР Тетово пријавила дека околу 16 часот на улица „Илинденска“ во Тетово била физички нападната од друг малолетник. Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчера во 13 часот, малолетник од тетовско Озормиште, во присуство на негов родител, во СВР Тетово пријавил дека околу 12 часот и 40 минути во училишен двор во тетовско Шемшово, тој и двајца негови соученици од истото село биле физички нападнати од неколку други малолетници, кои ги познавале. Според пријавеното, во нападот тие користеле и дрвен предмет. Со пријавените, во присуство на нивните родители, извршен е разговор и против нив ќе следуваат законски предвидените поднесоци, соопшти СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK