Двајца татковци во полицијата пријавиле дека биле нападнати од своите синови.
Во првиот случај, се работи за 77 годишник од Скопје, кој пријавил дека во саботата околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52).
Во вториот, приведен е Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.
Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа.
По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.