Вчера полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид.
Тој на 28.08.2023 околу 20.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.
Против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.